За феноменални велигденски јајца во виолетова боја не ви требаат бои, туку само најобично црвено вино!

Ќе ви бидат доволни 2 литри за 20 јајца, а постапката се изведува на следниов начин…

Постапка:

Измијте ги јајцата и наредете ги во тенџере со ладно вино. Виното треба да ги покрива јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите и мешате за време на варењето, за да не се излупи бојата.

Оставете ги да се варат најдолго 30 минути, па тргнете ги од шпорет и оставете ги да се изладат. Ако сакате што повеќе кристали да се фатат за лушпата на јајцето, оставете ги 24 часа во виното.

Не ги премачкувајте со масло, бидејќи ќе исчезнат кристалите. Ако тоа не ви е важно, премачкајте ја со салвета потопена во масло. И така ќе бидат убави, со многу поинтензивни бои!

Навистина едноставна постапка, без валкање и без вештачки бои!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.