На 23 јуни- четврток, од 19 часот па се до полноќ, по пауза од 2 години, во ресторанот „Форца“ по 4-ти пат ќе се случува единствен настан кој на едно место ќе ги собере – најдобрите вина, жени на штикли, музика и секако, мажи со вкус.

Ова е вистински ивент за вашите најдобри штикли бидејќи ве очекува фантастично модно изненадување. Кога на ова ќе се надодадат вкусните специјалитети на ресторанот Форца, настапот на поп ѕвезда Викторија Лоба, која за оваа вечер има специјален репертоар, навистина се работи за специјална ноќ.

Во цената на билетот (1200 денари) е вклучена дегустација на над 100 различни вина од 15 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните залчиња на Форца. Сите патишта на 23 јуни ќе водат кон овој популарен скопски локал. Најважно од се е да си набавите влезница на време, бидејќи бројот на гостите е ограничен. Влезиците се продаваат единствено во Форца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.