В петок, 13 декември од 15 до 22 часот во холот на Народен теата Битола ќе се одржи второто издание на „Боемски вински салон“. Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Битола Горска вода и Народен театар Битола.

Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион, да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина, велат од Слоу фуд Битола.

На овогодинешното издание на „Боемски вински салон“ планирано е да се претстават преку 20 производители со 80 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на љубители на виното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.