Лондонскиот џетсет со нетрпение го очекува 17 мај кога во Лондон познатиот готвач Салт Беј
е го претстави најновиот специјалитет златна шницла.

Готвачот Нусрет Гок од Дубаи – Салт Беј, сопственик на луксузен синџир ресторани Нуср Ет, стана познат после неговите снимки додека става зачини врз меса на свој автентичен начин, а овојпат подготвува месо со прелив од 24-каратно злато.

Најавата дека оваа златна шницла која чини 805 евра ќе биде донесена во Велика Британија предизвика многу големо внимание меѓу граѓаните.

Салт Беј готвел за познати ѕвезди како Леондардо Ди Каприо и Дејвид Бекам.

Неговиот златен додаток на јадењата ќе биде претставен во Лондон на 17 мај – истиот ден гостите ќе можат повторно да јадат во рестораните, а биртанските медиуми пренесуваат дека тие што сакаат да го пробаат ќе мораат да стават стан под хипотека за овој специјалитет.

Инаку, Салт Беј „тежи“ околу 50 милиони долари, но се предвидува дека со отворање на ресторан во Лондон тоа богатство и тоа како ќе се умножи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.