Ако сакате брзо и лесно да бојадисате Велигденски јајца, пробајте ја оваа техника.

СОСТОЈКИ:

јајца

боја

ориз

пластични кеси за замрзнувач

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јајцата сварете ги, а во кесите за замрзнувач ставете по 4 лажици ориз. Во секоја ставете различна боја и измешајте по желба. Добро истријте ја секоја кеса со раце за бојата убаво да се распореди по цел ориз. Ставајте едно по едно јајце во кесата и добро протресете. Кога јајцата ќе се исушат отстранете го вишокот ориз со четка.

Деталите за подготовка погледнете ги во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.