Оваа година, наместо да купувате бои за јајца, испробајте природни варијанти. Покрај овошје и зеленчук, за бојосување на јајцата можете да користите и зачини. Дали сте знаеле дека со помош куркума можете да добиете прекрасна жолта нијанса? Еве и како…

Потребни состојки (за три јајца):
2 супени лажици куркума
7,5 дл вода
оцет
малку сол

Приготвување:
1. Измешајте зачин, врела вода, лажица оцет и малку сол.

2. Претходно сварените јајца потопете ги во чинија со природна боја и оставете ги неколку часа да отстојат за да се впие бојата.

3. Потоа, извадете ги јајцата и натапкајте ги со марамче.

4. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло за да добијат поубав сјај.

Колку подолго стојат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде бојата.

Целата постапка погледнете ја во видеото…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.