Предноста на киселата зелка е во високиот процент на витамин Ц. Освен тоа, киселата зелка е добра против мамурлак и за здравјето на телото. Само 100 г кисела зелка содржат 20 милиграми витамин Ц.

Тоа го зајакнува имунитетот и го спречува предвременото стареење на клетките и ткивата. Киселата зелка исто така содржи витамини А, К и сложени витамини од групата Б. Овие супстанции спречуваат бројни гастроинтестинални болести (на пример, чир на желудник и на дванаесетпалачното црево).

Киселата зелка го снижува холестеролот во крвта и спречува појава на малигни клетки. Одлична е како диетален производ бидејќи содржи татронска киселина која го спречува создавањето на масни наслаги.

Киселата зелка е поздрава од свежата

Кога ќе ја закиселите зелката, ја збогатувате со витамини, корисни состојки кои не се губат и до 10 месеци од датумот на приготвувањето.

Рецепт

Состојки:
2 главици зелка
6 поголеми моркови
сол (1 кг по 1 кг зеленчук)
вода
Приготвување:
Изрендајте ја зелката, а потоа и морковот. Измешајте го зеленчукот, па ставете го во пластично буре. Ред зеленчук, па ред сол. Потоа, прелејте ја зелката со вода за да се потопи. Притиснете го зеленчукот со капак, па со камен, за убаво да се притисне. Потоа оставете ја да скисне. По неколку дена проверете – ако се појави пена на зелката, соберете ја.

Кога зелката и морковот ќе се скиселат, послужете ја салатата. Нема поздрав оброк од овој!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.