Овесните снегулки и каша се еден од најздравите и најдобри избори за редовен доручек, а најлошото нешто што може да ви се случи по активно појадување овесна каша цел еден месец е тоа што, можеби ќе ви здодее и повеќе нема да сакате ни да ја погледнете.

Овесната каша е вистинскиот избор за појадок затоа што има одличен ефект врз вашето тело, но исто така ќе ве држи сити подолго време. Лесно се вари, богата е со растителни влакна и протеини, а од друга страна, содржи малку маснотии и калории, пишува „Вечерњи лист“.

Дополнителен плус е што го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабет тип 2 и го зајакнува имунитетот. Едноставно има толку многу причини овесната каша да стане дел од нашата исхрана.

Сепак, треба да знаете дека за различни видови овес потребни се различни количини вода или млеко, а времето за готвење е различно. Но, откако ќе го подготвите според упатствата на пакувањето, можете да експериментирате малку со други производи за подобар вкус. Во кашата може да додадете јогурт, лажичка мед, сецкани парчиња јаболка, кафеав шеќер и цимет.

Не е забрането да додадете дури и лажичка од омилениот крем, како и парчиња банана и шумско овошје.

Секако, треба да имате предвид дека секогаш се препорачува разновидна и урамнотежена исхрана, но овесната каша, во различни варијанти, сигурно ни одговара како идеја за брз и здрав доручек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.