Циметот е мало стебло со потекло од Јужна Африка, а може да се набави мелен и во облик на стапчиња.

Лек за бројни болести

Циметот содржи високо ниво на антиоксиданти, а неговото масло има силни антибактериски и антифугални својства. Тој е добар извор на магнезиум, влакна, железо, и калциум и како таков може да се користи како лек за многу болести како што се артритисот, зголемениот холестерол, зголемениот крвен притисок, дијабетес тип 2, дијареа. Тој помага за зголемување на енергијата и подобрување на когнитивните функции, при забоболка, лош здив и главоболка.

За забоболка помешајте цимет со мед и ставете ја добиената паста на болното место неколку пати во текот на денот.

Го намалува холестеролот

За да го намалите холестеролот едноставно земајте по една лажичка цимет во прав дневно или ставајте ја во чај или кафе.

Лекува кашлица

Ставете стапче цимет во зовриена вода и оставете да се вари околу две минути. Извадете го стапчето, а водата користете ја за да направите чај кој ќе го пиете два пати дневно.

Внимателно со циметот

Истражувањата покажаа дека циметот содржи супстанца кумарин која во големи количини може да доведе до оштетување на бубрезите и црниот дроб.

Треба да бидете внимателни со циметот во комбинација со аспиринот бидејќи имаат исто дејство против згрутчување на крвта. Исто така треба да бидете внимателни со употребата на големи количини на цимет за време на бременоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.