Германска компанија почнува производство на плескавици во кои има прав од црви од бафало. Се очекува новиот производ за кратко време да се најде во витрините на германскиот ланец на хипермаркети, „Кауфланд“.

Како што наведува „ЕСМ-магазин“, новиот производ ќе се декларира како бургер богат со протеини и ќе се промовира како соодветна алтернатива на говедскиот. Во описот ќе биде назначено дека во месото има голема количина хранливи материи, меѓу кои и поголема количина на витамин Б и омега-3 масни киселини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.