Ова е еден од најздравите појадоци затоа што во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат организмот.

Безусловно го решава проблемот со мрзеливите црева и опстипација, согорува масни наслаги и ја нормализира телесната тежина.

По еден месец конзумирање на овој моќен коктел, лесно ќе загубите 3 до 5 килограми, а најголем дел околу стомакот.

За подготовка на појадокот потребно е – 300 мл кефир, 2 лажици овесни снегулки, 1 кафена лижичка сомелено ленено семе, 1 кафена лажичка какао во прав, 5-7 суви сливи.

Подготовка

Напомена: Појадокот се подготвува навечер за следниот ден.

Сувите сливи прелијте ги со малку зовриена вода (100 мл). Поклопете ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, сомеленото ленено семе и какаото. Прелијте со кефирот и сè добро измешајте.

Ситно исечкајте ги сливите, а можете и да ги изблендирате во блендер до состојба на пире и додадете ги во претходната смеса. Добро измешајте и оставете го утрешниот појадок во фрижидер.

Наутро извадете го од фрижидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок.

Резултатите набрзо ќе бидат видливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.