Доколку сте одлучиле Новата година да ја дочекате во удобноста на вашиот дом, сигурно ќе ви се допаднат овие предлози за вашата новогодишна трпеза.

1. Кифлички со сирење

Потребни состојки:
  • 1 килограм брашно
  • Масло
  • 500 милилитри млеко
  • 3 јајца
  • 1 и пол коцка квасец
  • Сирење
Начин на подготовка:
  • За филот измешајте 200 грама сирење со 1 јајце. Додајте сол по вкус.
  • Во малку топло млеко ставете квасец, сол и шеќер. Промешајте за брзо да се растопи квасецот. По 5 минути почнете да го подготвувате тестото.
  • Во сад ставете брашно, направете дупка во средината, ставете ги 3-те јајца, па полека налевајте млеко и почнете со мешање. Можете да почнете со лажица, а кога ќе се соедини смесата продолжете со рака. Направете меко тесто и оставете го да порасне.
  • Поделете го тестото на 6 делови. Од секој дел направете 8 кифлички. Филувајте ја секоја со сирење и наредете ги на подмачкана тава. Оставете ги стојат 1 и пол час.
  • Пред печењето, на секоја кифличка ставете парче маргарин, премачкајте ги со жолчка и ставете малку сусам.
  • Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени. По неколку минути намалете ја температурата на 180 степени.

2. Салата мимоза

Потребни состојки:
  • 4 средни компири
  • 400-500 грама моркови
  • 6-7 кисели краставички
  • 6 јајца
  • 1 главица виолетов кромид
  • 200 грама кашкавал
  • 300 грама салама по избор
  • 300 грама мајонез
  • 100 грама кисела павлака
  • 1 лажичка сол
  • Бибер
  • Свеж магдонос
Начин на подготовка:
  • Сварете го компирот, а морковите излупете ги и сварете ги одделно. Сварете ги и јајцата и оставете ги да се изладат со зеленчукот.
  • Измешајте ги мајонезот и павлаката и додајте сол и бибер.
  • Изрендајте ги сите состојки (освен лукот). Одделете ги белките од жолчките.
  • На дното ставете го исечканиот магдонос, изрендајте компир и ставете тенок слој од намазот.
  • Потоа ставете морков, намаз, салама, намаз, кашкавал, намаз, лук, намаз, рендана белка, намаз, кисели краставички, намаз, и на крај додајте ја ренданата жолчка. Украсете по желба.

3. Полнети ролнички со сланина

Потребни состојки:
  • 1 пар пилешки гради
  • 200-250 грама сува сланина
  • 100-150 грама кулен
  • 150 грама фета сирење
  • Зачин, сол и бибер
  • Лук
  • Кари
Начин на подготовка:
  • Исечете го месото на тенки шницли, додајте зачини, сол, бибер и кари и добро измешајте.
  • Издробете го сирењето, додајте го издробениот бел лук и исечканиот кулен и добро измешајте.
  • Ставете едно парче сланина, а врз него парче месо. На месото ставете од филот со сирење. Завиткајте го заедно со сланината и направете ролничка.
  • Наредете ги ролничките во сад со фолија. Можете да додадете и компир да се пече како прилог.
  • Печете 40 минути во рерна загреана на 200 степени.

4. Салата со зелка и кисело млеко

Потребни состојки:

  • 2 помали зелки
  • 1 кромид
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • Бибер
  • 120 милилитри млеко
  • 4 лажици мајонез
  • 230 милилитри матеница
  • 1 лажица оцет
  • Малку лимонов сок
  • 1 морков
Начин на подготовка:
  • Исечкајте ја зелката и измешајте ја со кромидот и изренданиот морков.
  • Во друга чинија ставете шеќер, сол, бибер, млеко, мајонез, оцет и матеница. Мешајте додека не се соединат состојките.
  • Измешајте го преливот со зелката и оставете да отстои околу 1 час.

4. Куглоф со малини и чоколадо

Потребни состојки:
  • 5 јајца
  • 250 грама шеќер
  • 250 грама маргарин
  • 100 грама чоколадо
  • 200 милилитри јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 350 грама брашно
  • 300 грама малини (или вишни)
Начин на подготовка:
  • За преливот растопете 100 грама чоколадо со една лажица масло.
  • Растопете 100 грама чоколадо, калапот премачкајте го со масло и брашно и загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Изматете ги маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте ги јајцата, јогуртот и брашното.
  • Во калапот ставете поголем дел од тестото, додајте ги малините, па додајте уште малку од смесата.
  • Во остатокот смеса измешајте го растопеното чоколадо и ставете го во садот. Со нож прободете низ тестото.
  • Печете околу еден час, па оставете го да се излади. Извадете го колачот од калапот и прелијте го со растопено чоколадо.

 

извор: кафепауза.ком

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.