Ако не сакате да користите вештачки бои, а сакате да имате разнобојни велигденски јајца, ви откриваме како да ги добиете двете најубави нијанси на сина, кралска и пастелна, без ниту една капка хемија и без боја во кесички.

Ви требаат само неколку состојки: црвена зелка, малку сода бикарбона и малку оцет.

Постапка:
Исечете помала главица црвена зелка на поголеми парчиња, ставете ги во подлабок лонец, прелејте ги со 500 мл вода и ставете ги да се варат 35-40 минути на тивок оган. Брзо ќе почнат да пуштаат сина боја.

Јајцата сварете ги посебно со малку сол.

Сварената зелка оставете ја целосно да се олади.

Исцедете ја водата од зелката, па поделете ја во два сада. Во едниот сад додајте четири лажици оцет, а во другата ставете лажица сода бикарбона. Во едниот сад ќе добиете виолетова течност, а во другиот темносина. Виолетовата дава прекрасна кралско сина нијанса, а сината дава пастелна боја.

Потопувајте ги јајцата во бојата така што ќе бидат целосно покриени со течност (или прелевајте ги со помош на лажица и превртувајте ги истовремено). Можете да ги ставите да отстојат во неа околу половина час. Колку подолго стојат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде нијансата.

Една главица зелка е доволна за бојосување до 30 јајца. Најдобро е да користите бели јајца, бидејќи бојата излегува поубаво.

Напомена: Важно е јајцата природно да се исушат на хартиена салфета откако ќе ги извадите од бојата. Немојте да ги бришете, бидејќи можете да извадите дел од бојата додека сè уште е влажна. Менувајте ја мократа крпа со сува, додека јајцата потполно се исушат.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.