1.Читајте го составот на задниот дел од теглата

Ова е првиот чекор во изборот на високо-квалитетен, чист мед, кој не содржи адитиви. Производителот мора да го наведе составот на медот.

2. Природниот мед не е леплив

Тестирајте го така што ќе земете малку мед меѓу прстите. Ако е природен, тој ќе се впие во кожата. Ако станува леплив со триење, ќе знаете дека медот содржи шеќер или вештачки засладувачи.

3. Ставете неколку лажички мед во чаша, а потоа се загрејте на висока температура во микробранова печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенест и полн со меурчиња.

4.Ставете неколку капки мед на хартиен бришач за раце. Ако медот по некое време не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Додека, ако содржи вода, ќе ја пробие хартијата за само неколку секунди.

5. Вода измешана со мед е најлесниот индикатор за составот на медот.Лажниот мед ќе почне да се топи, додека природниот ќе се згрутчи и ќе падне на дното од садот.

6. Намачкајте мед на парче леб. Доколку медот е чист лебот под него ќе стане тврд, а ако содржи вода лебот ќе се навлажни и ќе омекне.

7. Измешајте малку мед со жолчка од јајце. Ако медот е чист смесата ќе се соедини и ќе изгледа како да е варена на пареа.

8. Чистиот мед се кристализира, а лажниот и по долго стоење се задржува течен како сируп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.