Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење. Рокот на траење се разликува во зависност од тоа дали кафето е затворено или отворено.

Пржените зрна кафе траат еден месец, додека пак меленото кафе што е затворено може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели. Затвореното инстант кафе, доколку е на темно место може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори ова кафе може да стои до година дена. Кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.

Многу лесно може да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење. Рокот е истечен доколку има промена во миризбата и промена во бојата.

Исто така многу е важно да внимавате да не влегува вода или влага во кафето. Ако кафето се навлажни најдобро е да го фрлите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.