На гастрономскиот натпреварот Albanian chefs and cooks association- Shum Albanija, во соседната Албанија, Давид Санџакоски го освои Гран прито, (готвеше риба и бифтек), со што Гастромак уште еднаш ја потврди својата супериорност надвор од границите.
Сениорите се пласираа вака – Лирим Даути освои сребрен медал (во категорија риба), Валон Нухиу (за роловано пилешко) доби бронза а Иван Велков се закити со бронза (јагнешко).
Во категорија јуниори – Хабиб Зекири освои бронза во категорија пилешко, исто како и Изабела Спасовка (готвеше рамстек) и Душан Боболински ( правеше пилешко роловано).
Тимот – Давид Санџакоски, Иван Велков и Светлана Цеца Димовска се истакна во подготовка на риба, рамстек и мус со авокадо и чоколадо, и освоија сребро. Всушност, Гастромак и на овој натпревар ја испромовира својата сплотеност и уиграна тимска работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.