Познатиот британски готвач Гордон Ремзи еднаш откри дека никогаш не нарачува „супа на денот“ во ресторан, бидејќи како што вели – може да се случи да биде „супа на месецот“.

Не поднесува ниту храна од авионот, а на прашањето кој ден не треба да оди во ресторани, еве како одговара.

 Одењето во ресторан на вечера, на Денот на вљубените, никогаш не е добра идеја. Тогаш кујните се преполни, а вие не го добивате вистинското искуство. Што е поромантично од оброк подготвен за партнерот, со добро шише вино? – вели Британецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.