Министерството за култура годинава финансиски го помогна одржувањето на Меѓународната манифестација „Гастромак 2019“, која се одржа од 10 до 14 октомври во Охрид.

Преку манифестацијата на која учествуваа 300 гости од 30 држави, Македонија пред учесниците и натпреварувачите од другите земји ја претстави својата кујна, традиција, култура и обичаи.
Манифестацијата која се одржува по четврти пат за домаќин го имаше градот Охрид, а мотото што ги екипираше сите љубители на гастрономија беше „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”).

Интернационални шефови и натпреварувачи со себе донесоа гастрономска магија од сите катчиња од светот, искрено се надевем дека со себе дома ќе понесат и делче од македонската душа- на затварањето на 4-иот Интернационален „ГастроМак 2019 – Don’t worry be Ohrid“ изјави Претседателката на македонскиот бренд „Гастромак“. Зад нас се четири натпреварувачки денови на најголемиот кулинарски настани во поширокиот регион и да, – горди сме што успеавме светскиот гастрономски крем да го донесеме во Македонија, поточно во Охрид. Во исклучително добра атмосфера што владееше на настанот видовме се што значи современата гастрономија, но не ја заборавивме традицијата изразена преку етно софри од цела Македонија, дополни таа.

Годинава во Охрид беа најеминентните имиња од гастрономијата кои преку мастер класовите ги преставија своите тајни рецепти, а титулата Гран при на ГастроМак  му припадна на Никат Бабаев од Азербејџан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.