Американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ си замина со почетокот на руската воена операција во Украина.

Празни останаа околку 200 ресторани, но Русите не тагуваа туку отворија објекти со слично име и услуга. Дури и логото е слично па сега наместо црената буква „М“ има зелена, која симболизира бургер и две компирчиња.

Брендот се вика „Вкусно и точка“. Првите реакции на потрошувачите се позитивни, односно дека навистина е вкусно, но и доста поевтино од времето на „Мекдоналдс“.

Навистина на некои им недостсуваат славните „бик мекови“ но одговорните велат дека тукушто почнале со работа и дека ќе ги воведат сите оброци на кои потрошувачите се навикнати.

Погледнете како изгледа рускиот „Мекдоналдс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.