Кардиоваскуларниот хирург д-р Емир Солаковиќ открива што е најдобро да се јаде наутро во зависност од тоа дали сте маж или жена.

Се будам околу 5:30, а 6 часа ми се доволни за да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од 6 часа имаат проблем. Не е нормално да спијат подолго од 6 часа. Телото се буди по 6 до 7 часа , ако функционира нормално. Ако не можете да заспиете, таму се случува нешто: или работите многу, или сте под стрес или во прашање е некоја болест. Луѓето кои се дебели се пациенти. Оние кои се дебели имаат поголема веројатност да се разболат. Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Го прескокнува појадокот. Секогаш има нешто за грицкање, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да фрла во пештера. Се движи само од автомобилот до куќата. Јадат многу и немаат физичка активност и се дебелеат, потенцира тој.

Идеален појадок за жените е: Штом ќе станете наутро, испијте шолја од кој било чај. Ги исфрла оние токсини кои се акумулираат во текот на ноќта. Потоа земете јајцата. За жените, идеален појадок е кајгана со 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеин.

Идеален појадок за мажите е: Кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Маснотии мора да се внесуваат бидејќи се важни за организмот. Доколку сакате здрави масти, слободно попрскајте ги изматените јајца со малку маслиново масло.

Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите се направени од овие протеини. Јадете го ова секој ден и тоа без леб, препорачува тој.

Кога на нашето тело му треба шеќер, д-р Солаковиќ советува:

Згответе овес и додадете неколку коцки темно чоколадо, а потоа додадете малку суви сливи. За овој појадок организмот ќе ви каже: „Ти благодарам што ми го даде ова“.

Телото го сака овесот бидејќи тој е единствената храна која ја има истата супстанца како мајчиното млеко.

После ова, можете слободно да се напиете црно кафе без шеќер и цревата ќе се испразнат. Па, само тогаш сте подготвени за работа. Ќе можете да поминете 6 часа без никакви проблеми. Вашето тело ќе функционира совршено.

А ако изедете кифла, тоа е исто како шеќер да сте изеле. Телото нема да знае дека изело кифлата, го вари како шеќер. Колку е побел лебот, толку е поголемо ѓубре. Лебот со семки е добар и здрав, но само вистински црн леб. Без боја или адитиви. Но, максимум 2 парчиња. Белиот леб нема ништо што ви треба!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.