Неодолив колач со јаболка за секој ден и секоја пригода – содржи и крем од ванила што го прави уште помек!

Состојки: 500 г брашно * 20 г свеж квасец * 1 рамно лажиче брашно * 60 г шеќер * 60 г растопен путер * 1 јајце + 1 јајце за премачкување * малку рендана кора од лимон * околу 250 мл млеко.

За филот: 300 мл млеко * 1 пудинг од ванила* 2 лажици шеќер * 1 јаболко * 50 г суво грозје

Приготвување:

Разматете го квасецот во 100 мл топло млеко со лажиче шеќер и брашно. Оставете го да нарасне.

Соединтете ги брашното, шеќерот и солта во подлабок сад, додајте ги нараснатиот квасец, растопениот путер, јајцето, малку кора од рендан лимон и преостанатото млако млеко. Замесете мазно тесто. По потреба додајте уште малку брашно или течност. Оставете го да одмори 30 минути.

 

Фил:

Ставете во тенџере 200 мл млеко и оставете го да зоврие. Во преостанатото млеко разматете го пудингот, па додајте го во зовриеното млеко и продолжете со варење, со постојано мешање, додека се згусне. Покријте го со проѕирна фолија.

Прелијте го сувото грозје со лажица рум и оставете го кратко да постои. Излубете го јаболкото, исечете го на тенки парчиња и попрскајте го со малку сок од лимон.

Истенчете го тестото во правоаголна кора. Со тапата страна на ножот по ширина на тестото обележете три ленти. Намачкајте ги во средина со изладениот пудинг. Врз првите две распоредете ги јаболката, а врз третата нанесете го сувото грозје. Надворешните ленти завиткајте ги така што да се спојат на средина.

Добиениот ролат исечете го на парчиња со дебелина од 3 см. Подмачкајте тркалзен калап со путер, па распоредете ги парчињата во него обликувајќи цвет. Оставете ги да одморат 10 минути.

Печете ги во згреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.