Сè повеќе ресторани се одзиваат и решаваат да им помогнат на луѓето кои не можат да си дозволат ниту еден оброк во текот на денот.

На фејсбук-страницата на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, кои секој петок подготвуваат топол оброк за оние што не можат да си го дозволат, (бездомници и социјално загрозени лица), а во сабота, во 13:30 часот го делат кај спомен-домот на Мајка Тереза, може да се видат позитивни примери и нивни поддржувачи кои им се придружуваат во обезбедување на оброци за оние што немаат што да јадат.

Така еден млечен ресторан во Драчево (Антонио) каде се нуди топол појадок на оние кои не можат да си дозволат. Тие под мотото „Појадок за секој“ на сите луѓе кои се без дом, без финансиски средства и социјално загрозени семејства им обезбедуваат бесплатен појадок.

Бесплатен топол оброк, има и за децата без родители, социјални случаи, бездомни лица и сите останати кои не можат да си дозволат оброк во „Урбан бургер бар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.