Авокадото е плод кој иако е малку калоричен, има позитивно влијание на човечкото здравје.

Постојат неколку опции како да се консумира правилно, доколку сакате да ослабете.

1. Со билки – кога сте гладни наместо да посегнете по нешто слатко, подобро исечете едно авокадо на половина, па посипете го со малку балзамико оцет, масло, сол, црн пипер и зачински билки по ваш избор.

2. Салати – неколку листови ајсберг салата, авокадо исечено на резанкии пармезан, е одлична салата. Особено добро се сложува со салати во кои има пилешко месо, јајца или риба.

3. Супи – од авокадото се прават вкусни летни ладни супи. Најдобра комбинација е со краставица, тиквичка и сл., за правење крем-супи. Можете да експериментирате и со други зеленчуци.

4. Сендвичи – од авокадото можете да направите секакви намази и паштети. Со нив можете да премачкате тостиран леб. Тоа е основна состојка во сосот гвакамоле, но можете и да го испасирате со малку сирење и да подготвите сендвич.

5. На скара – иако ви изгледа необично, сепак кога правите месо на скара, направете и гарнир од авокадо испечено на скара.

6. Со јајца – следен пат кога ќе правите омлет или кајгана, додајте неколку коцки авокадо. Ќе се изненадите колку вкусна комбинација е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.