Навивачите во Катар се жалат дека цените се високи и оти не можат да си дозволат ни “леб и салама“.Сепак за оние со подлабок џеб ова се петте највусни катарски јадења.

Фалафел

Пржените топчиња се прават со наут и бобинки од фава, а љубителите на зачинета храна го сакаат овој специјалитет. Тоа е традиционално јадење од Блискиот Исток и се служи во пита леб кој изгледа како џеб. Овде можете да најдете и фалафел, кој е идеална замена за месото, бидејќи има сличен вкус.

Шаварна

Шаварма е популарно блискоисточно јадење кое се состои од различни видови месо: јагнешко, пилешко, мисиркино, говедско, телешко или мешавина од овие видови месо. Се сервира на чинија со вообичаените додатоци или се завиткува во меко тесто, слично на тортиља, кора за пита или палачинка. Многумина ја споредуваат шавармата со гиро.

Мајбос

Овој специјалитет се состои од ориз и месо, кое се служи на истиот плех. Се смета за национално јадење во сите земји на Арапскиот Полуостров. Како и другите јадења, и Мајбус содржи разни зачини на кои ретко кој може да им одолее.

Салона

Салона или салона е арапска чорба за која се верува дека има бедуинско потекло. Се прави од пилешко, а наместо пилешко може да се користат риба, говедско и јагнешко месо. Чорбата е исто така многу зачинета.

Кузи

Кузи се смета за едно од националните јадења во Ирак, додека како и повеќето други се базира на ориз и месо. Се служи со многу бавно варено јагнешко месо, печени ореви и суво грозје над ориз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.