Зорица Вукановиќ (36) е прва жена која ќе раководи со полициска станица во државата.

На предлог на министерот Спасовски, а со поддршка на Советот на Општина Куманово, таа е избрана за командир на Полициската станица од општа надлежност во Куманово, пренесува сдк.мк.

До Советот од МВР беа доставени три предлози, двајца мажи и една жена. Советниците тврдеа дека сите кандидати се добри, но предност ѝ дадоа на полицајката.

Вукановиќ дипломирала криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје. Досега работела како инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција, а кариерата ја градела 16 години на повеќе работни места во службата во СВР Куманово.

Доаѓа на местото на Игор Митевски, кој е назначен за началник на Одделот за полиција при СВР Куманово.

Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата додека се гласаше за изборот на новата командирка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.