Во Скопје денеска „Женски приказни“ со предавачи од Чикаго на тема Soft Landing & Community Building. Третиот настан од втората сезона „Женски приказни“ на тема Soft Landing & Community Building, на кој специјалните предавачи Триша Дег и Кејтлин Мекалистер од Чикаго, САД, денеска, 1-ви Април, понеделник, со почеток од 18:00 часот во Јавна соба, Скопје.

Предавачите од Чикаго, САД, Триша Дег – потпретседател за талент програми и операции на Асоцијацијата за технологија на Илиноис и Кејтлин Мекалистер, извршен директор на Catapult Chicago, ќе ги презентираат своите лични и професионални приказни, да ве инспирираат и мотивираат. Предвидени се и посебни сесии каде Дег ќе говори на темата „Привлекување и задржување на технички таленти во вашиот град и градење заедница во рамките на технолошка заедница, а Кејтлин ќе презентира за „Меко приземјување на технолошките компании на Американскиот пазар“, информираат организиаторите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.