Еден од предизвиците и задоволствата беше и моето готвење за папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од нашите приготвени специјалитети.“ ја започнува својата приказна Мирко Голомеиќ, сопственик и главен готвач во Рагуза.

 

Тие во своите ресторани нудат вкусна и квалитетна храна во ексклузивно уреден простор и пријатен амбиент со 360 степени поглед на главниот град Скопје. Руфтопот е дел од брендот Рагуза кој подготвува настани за државни институции, дипломатски претставништва, компании како и ВИП приватни настани, свадби, родендени, крштевки.

Да се гради бренд во угостителството во нашата земја цели 25 години потребна е посветеност и постојано инвестирање во иновативни технологии за храната, нови специјалитети и модерен внатрешен дизајн со пријатен амбиент за секоја пригода, смета Голомеиќ, кој ни откри дека за време на престојот на Папата Францис во Скопје на високиот гостин и неговата придружба им биле сервирани македонски специјалитети како леб печен во фурна, овчо сирење, ајвар…

Сите специјалитети им се допаднале и на лицата од неговата придружба кои дошле една недела порано во Скопје за да ги искоординираат активностите пред доаѓањето на Папата, за кого Мирко вели дека е скромен човек кој не сакал ниту луксузни чинии и прибор, никакво специјално сервирање, храната ја служеле сестрите од Католичката црква, без официјална послуга и јадел по малку од секое јадење без претерување.

Рагуза360 е современ ивент центар специфичен по својата локација и амбиент, уреден со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност. Тие воопшто не се надевале дека еден ден ќе подготвуваат мени за Папата Франциск. Но, по неговото заминување добиле безброј пофалби да вкусната храна и за целата организација од неговите официјални лица за контакт.

Кога го креиравме проектот Рагуза360 сакавме да направиме уникатно место за настани и свадби. Атрактивната локација, ентериерот и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга со сигурност создаваат комплетно уживање во вашиот најсвечен ден од животот.“ додаваат Перица и Гоце Голомеиќ, менаџери и споственици на ресторанот Рагуза360.

Под брендот Рагуза во моментов работат 4 објекти распространети низ градот Скопје: Рагуза360 во Центар, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк и Вила Рагуза на Водно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.