По објавувањето на оглас на ЈП за државни патишта за 84 вработени на македонските патарини, денеска е објавен уште еден за „масовно“ вработување, овој пат од Царинската управа за 78 работни позиции, меѓу кои и за советници.

Станува збор за вработување на определено време до крајот на тековната фискална година за плата од 16.571 за наплатувач до 39.899 за началник на одделение.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места а како главна причина за тоа е наведено привремено зголемениот обем на работа до крајот на 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.