Во новото интервју кое го даде за британскиот магазин „Гламур“, модната дизајнерка Викторија Бекам октри голема тајна поврзана со нејзините тинејџерски денови.

Поранешната пејачка на „Спајс грлс“ трпела физичко и психичко насилство на училиште. Вели дека ова искуство ѝ помогнало да ја научи нејзината ќерка, Харпер, дека девојките секогаш треба да бидат љубезни.

Бев слабо, 8 – годишно девојче со пеги на лицето и празнини меѓу забите, доволно големи за да се залепи грашок. Беше мизерно. Не се вклопував во околината.“

Таа за Гламур изјави дека ги споделила овие тешки искуства со својата осумгодишна ќерка Харпер, за таа биде љубезна кон другите девојчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.