Премореноста од работа од 2022 година ќе се смета за болест од ранг на настинката и слични заболувања поради кои треба да се посети доктор, да се утврдат симптоми и да се добие препишана терапија, соопшти Светската здравствена организација на собирот во Женева.

СЗО ја опишува премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа.

– Ова е првпат премореноста на работа да биде призната и окаратеризирана на овој начин, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Некои од главните знаци на премореноста се недостигот на сон, проблеми со варењето на храната, висок крвен притисок и лошо расположение. Во симптомите спаѓаат и размислување за работата и вон работното време, лоша концентрација, недостиг на социјализација и недостаток на време за работните обврски, но и обврските од лична природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.