Од 250 пријавени кандидати, 24 беа примени, а тројца добија и вработување на првата петнеделна бесплатна едукативна програма во Македонија наменета за студенти, но и за сите што сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите требаше да поминат приемен испит.

Од 2015 година, досега повеќе од 380 студенти од Хрватска, Словенија и од Црна Гора успешно дипломираа на Академијата. Програмата доби повеќе признанија и награди за нејзиното влијание и придонес кон заедницата.

– Основавме Инфинум академија за да им помогнеме на студентите и на дипломираните инженери во подобрување на нивните вештини во дизајнирање и развој на модерен софтвер. Курсевите опфаќаа теорија, но поголемиот дел од времето на студентите им беше посветено на практични задачи. Веќе започнуваме со подготовки на втората Инфинум академија која ќе се одржи во првата половина на 2023 година. Точниот датум за пријавување ќе биде дополнително соопштен, а во меѓувреме сите заинтересирани кандидати може да се информираат преку https://academy.infinum.com/. Среќен сум што во Македонија има голем интерес и квалитетни кадри, со кои можеме да работиме и да им ги пренесеме знаењата и искуствата , вели Ѓорги Ќосев, директор на Инфинум Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.