Сезона на цреши, а бербата во полн ек во Преспа. Таму ме однесе патот за да ја задоволам мојата љубопитност од сознанието дека тука се наоѓа едно мало парче, задскриено помеѓу селските куќи, што се вика „Spirit of Prespa“ (Духот на Преспа). Со големо нетрпение го чекав овој ден, обземена од идејата да осознаам што имаме во Македонија, што може да се прикаже како уште еден убав пример на мал бизнис, да се искористи потенцијалот на селото, да се даде економска вредност од природата и да се постигне поголем рурален развој.

Следејќи што се прави за искористување на потенцијалот на руралниот туризам, дојдов до сознанието дека постои ова парче земја во Преспа и ја разбрав целата приказна од главната креаторка  Ана Лабор, која како млада жена фармер и земјоделец се појави во јавноста со добиените признанија за својата рурална приказна „Spirit of Prespa“.

Целиот текст на Иновативност.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.