На Швајцарија и недостасуваат голем број на занаетчии, кои моментално се најбарана работна сила на пазарот за работа.

Според официјалните податоци, на Швајцарија моментално и недостастуваат 42.778 занаетчии, а претпријатијата распишале вкупно 198.097 слободни работни места, велат податоците објавени од “JobChannel AG”.

Така електротехничка компанија од Винтертур не може да најде електроисталатери и сервисни техничари.

Веќе со години најнепополнети работни места се занаетчиските професии.

На пример, во моментов се бараат околу 4.000 електромонтери, 2.260 инсталатери, 2.143 столари, околу 1.500 ѕидари и молери.

Швајцарија моментално ги анализира и причините за недостатокот на занаетчии, бидејќи не е јасно дали за тоа е виновна дигитализацијата или лошата положба на занаетчиите во општеството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.