Кога во 2017 година му се приклучи на движењето #MeToo, холивудската дива Селма Хаек (53) во колумна за „Њујорк тајмс“ го опиша својот однос со продуцентот Харви Вајнстин (67), кого го нарекува „моето чудовиште“.

Со години тој беше мое чудовиште, а ништо не мразеше повеќе од зборот „не“, се сеќава Селма.

Сите тие години си го перев мозокот размислувајќи дека е сè готово и дека преживеав. Се обидував да се спасам самата себе од ужасната ситуација на објаснување на моите најблиски, бев горда колку сум подготвена да простам, а всушност се срамев поради сè што се случуваше“, напиша глумицата и опиша што сè проживеала за време на соработката со коосновачот на „Мирамакс“.

Од силување ја спасило единствено пријателството со Квентин Тарантино и Џорџ Клуни.

Неизбежната сцена: Селма Хаек и Ешли Џад во „Фрида“

Додека работела на филмот „Фрида“, продуцентот Вајнстин барал од неа заедно да се тушираат, да ја гледа додека се тушира, да ја масира, орално да ја задоволи, да се соблече пред него во друштво на друга жена… Секогаш го одбивала.

А најмногу мразеше одбивање. Во еден момент ми рече дека ќе ме убиеРече дека смеам да го завршам филмот само ако снимам сцена на секс со друга жена во која би била целосно гола. Не се чувствував добро. Се тресев. Не поради сцената, туку зашто морав да го направам тоа за Харви Вајнстин“, се присети глумицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.