Две стјуардеси од американската авио-компанија „Џет-блу“, подигнале тужба против авиокомпанијата и двајцата нејзини пилоти, во која ги обвинуваат дека ги дрогирале, а потоа еден од нив едната ја силувале.

Како што наведуваат девојките, пилотите им ставиле дрога во пивото, а претходно едниот од нив ја силувал едната стјуардеса.

Фала што ми ги исполнивте фантазиите, и рекол пилотот.

Втората стјуардеса почнала да повраќа, што ги одвратило пилотите од намерата и нејзе да ја силуваат. Настанот се случил во мај 2018 година, додека преноќиле во Порторико за време на летот од Вашингтон.

Во обвинението се наведува дека пилотот намерно и пренел сексуално пренослива болест на една од девојките. Медиумите ги прашале одговорните во авиокомпанијата за наводниот случај, од каде добиле одговор дека не можат да коментираат правни постапки, но нагласиле дека таквите обвинувања ги сфаќаат многу сериозно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.