Германскиот град Берлин има најголема потреба од работници, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.

Во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за продавачите се движат околу 1800 евра. Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.

Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.