Една од најголемите дилеми кога одите на интервју за работа е како одговорите на прашањето: Која е платата со која би биле задоволни? На ова прашање е тешко да се одговори затоа што цифрата за која би работеле е прилично флексибилна и е под влијание на многу фактори.

Одговор на ова прашање дава професионалниот советник за развој на кариера, Молуд Нури. Тој верува дека на ова прашање не треба да одговорите со конкретна бројка, без оглед колку на тоа ќе инсистира работодавецот.

Правилото на играта на преговори за плата е дека првата цифра секогаш треба да ја дава работодавачот. Никогаш не доаѓа од кандидатот.

Без оглед колку напорно се обидува работодавецот и ти кажува дека е стандардна процедура да се даде цифрата за посакуваната плата, кандидатот треба да остане професионален и да не каже. На пример, може да одговорите: Јас разбирам дека ова е вашиот стандарден процес, но сепак, треба да ја разберам оваа позиција малку подобро.

 

Не кажувајте ја минималната плата што би ја посакале, ниту, пак платата што ја земате на тековното работно место. Продолжете со насмевка и самодоверба во тој момент. Можете да одговорите: Мислам дека мојата сегашна плата е ирелевантна за овој разговор. Едноставно, затоа што позицијата во оваа компанија е различна од она што го работам во моментов. Како што реков, треба малку подобро да ги разберам потребите на компанијата, пред да почнам да размислувам за плата. Како би било мене да ми ја кажете платата што сте подготвени да ја понудите? – објаснува Нури

Тој советува дека кандидатот секогаш треба да остане смирен, самоуверен и никогаш непријателски настроен.

Треба да ја почнете реченицата со сочувство: Разбирам. Го ценам тоа. Јас разбирам …, што значи дека внимателно го слушате работодавецот и сте имале разбирање.

 

И тогаш можете да истакнете дека сакате да дознаете повеќе … и слично. На крајот свртете го разговорот и прашајте ги кој сума би ви ја понудиле. Тие сигурно ја имаат предвид платата, исто како и виес, само тие треба да ја кажат таа бројка – советува експеертот за развој на кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.