Познатата водителка Опра Винфри се враќа во нејзиниот „ток-шоу“ формат со нова серија, чии први епизоди ќе се фокусираат на расизмот во САД, пренесе „б92“.

Шоуто ќе се емитува на каналот „Apple TV plus“, наведоа „Епл Инк“ и Винфри во заедничко соопштение.

„Опра разговор“ ќе дебитира на 30 јули. Во него ќе учествуваат Винфри и Ибрам Кенди, авторот на бестселерот „Како да се биде антирасист“, кој ќе разговара со луѓето со бела боја на кожа за расизмот, пренесува „Ројтерс“.

Опра рече дека се надева на „разговори кои обединуваат – а не одделуваат“.

Првата епизода ќе биде достапна бесплатно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.