Од 1 февруари во сите основни училишта во Ѓорче Петров за време на наставата, учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе мораат мобилните телефони да ги остават во изготвените џебови. Овие џебови како што информираат од општината, се нумерирани со бројки по дневник на учениците.

Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка, информираат од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.