Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите, и лица коишто аспирираат тоа да постанат.
Ова ќе биде ексклузивна можност за првпат во Македонија да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за Вредноста на Проектниот Менаџмент во една компанија.
Војтек Чизевски ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури, Милан Шмигич ќе биде модератор на настанот, и ќе одржи работилница на тема Jung at heart – what’s your personality colour?
Барбара Брегар-Мрзликар долгогодишен лидер во ЦЕЕД Словенија ќе зборува на тема : Why is leading hard & how to become better leader, а регионалниот ментор од ПМИ Ката Догару ќе има интересно излагање на тема: Servant Leadership.


Особено интересно за сите ќе биде и работилницата за Lean Management во организација на Александар Илоски од MQS Macedonia и Коста Петров од Moonsun.
Како најмлад огранок на ПМИ на балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.
Project Management Institute® (PMI®) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји.
ПМИ огранокот во Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите со овогодинешните теми на “Project Leadership Summit”.
Настанот ќе биде одржан на 29-30.06.2019 во хотел “Инекс Горица” во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 100 гости од земјата и од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.