Медицинска сестра од американската сојузна држава Ајдахо, 29-годишната Кејт Смол, во слободно време е ловџијка, а на Инстаграм ја следат 27.000 следбеници, со кои гордо ги споделува фотографиите од пленот.

Најголемиот што го уловила е мечка од 150 кг.

Кејт вели дека почнала да лови пред десетина години, а со овој спорт ја запознал очувот и таа веднаш се вљубила.

Апсолутно се сакам. Чувството на авантура, стратешко планирање, процесот на убивање на животните кој ги искушува мојата сила и издржливоста, но воедно ми дава и незаборавни спомени. Да распориш плен и после од него да добиеш месо – тоа е она во што вистински уживам, изјавила оваа Американка.

Кејт додава дека од сите улови користи апсолутно сè, не јаде само волчјо месо, зашто, објаснува, не е погодно за луѓе.

Кожата и главите ги препарирам, вели 29-годишната медицинска сестра, која е во среќен брак и има едногодишна ќерка.

Никогаш не сум убила животно за забава, ги ловам исклучиво поради нивно зачувување и храна, вели Кејт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.