Зад Слајс, иновативната стартап компанија која стана вистински профитабилен бизнис во САД е Илир Села, роден во Дебар, но израснат и образован во САД.

Во 2009 година започнал да ја следи својата деловна идеја истовремено во Њујорк и во Дебар: онлајн платформа за нарачување пица при што им овозможува на купувачите да најдат и да нарачаат од малите, локални, независни пицерии, услуга што придонесе за растот на пазарот и конкурентноста на овие пицерии.

Денес Слајс има пет канцеларии. Покрај Њујорк и Дебар, компанијата исто така работи и во Белфаст, Охрид, а од неодамна и во Скопје, со речиси 500 вработени и со планови да се зголеми на 1.000 до 2020 година.

Повеќе од 11.000 пицерии во САД ја користат услугата на Слајс што им овозможи и придонесе за раст на нивниот бизнис од 4 до 6 пати. Ова е приказната за Слајс директно од сопственикот и основач, Илир Села.

Доаѓам од семејство на сопственици на мали пицерии и од прва рака гледав колку е тешко да се работи и да се успее во тој бизнис. Го започнав Слајс со мисија да се одржуват локалните пицерии, со што им се овозможи да учествуваат во дигиталната економија, а во исто време на потрошувачите им се олесни начинот на правење нарачки од нивните омилени места. Сепак, желбата и одлуката да влезат во светот на бизнисот и да се создаде семеен бизнис / компанија беше присутна и развиена подолго време и чекаше вистински момент да созрее и да се пронајде најпросперитетен бизнис модел, изјави Села.

Целата сторија проследете ја на Фактор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.