Околу 4 300 вработени во осигурителната фирма AХA во Швајарија по грешка добиле двојна плата за декември. Божиќното изненадување сепак кратко траело, откако денеска им било соопштено дека станува збор за грешка и дека нема да можат да ја задржат „бонус“ платата.

Медиумите во Швајцарија викденов јавиле за случајот, а денеска од компанијата им потврдиле дека дошло до недоразбирање меѓу фирмата и бакната преку којa ги прават исплатите.

Најважно е што вработените примија плата пред Божиќ, кратко одговориле од АХА.

Компанијата не сакала да открие колкав е вкупниот износ кој порано по грешка го исплатиле, но им соопштиле на своите вработени дека ќе мора да ги вратат средствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.