Шестгодишна Јутјуб ѕвезда од Јужна Кореја позната како Борам неодамна купила вила вредна 8 милиони евра. Станува збор за вила во елитен кварт, Гангам во Сеул, а во неа живее со родителите.

Како што пишуваат медиумите малечката Боран секој месец заработува по 2,8 милиони евра а на социјалните мрежи ја следи „војска“ од 30. милиони претплатници.

Вилата се протега на пет спрата, а изградена е во 1975. година. Околу неа има уште 258 квадратни метри двор.

Борам е една од најпопуланрите ЈуТјуберки во Јужна Кореја и има 17,5 милиони претплатници на каналот Boram Tube Влог и уште 13,6 милиони претплатници на каналот Boram Tube ToyReview.

Најплатен ЈуТјубер во 2018. година бил седумгодишниот Рајан Каји кој заработил повеќе од 20. милиони евра во една година. Него на каналот Ryan ToysReview го следат 20. милиони претплатници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.