Школското доба можеби е најубаво, но често пати знае да биде тешко. За време на тестовите може да биде многу стресно за учениците, а притисокот и очекувањата се многу големи. Но, писмо на еден директор на училиште дава поинаква перспектива.

Ова писмо во кое директорот им се обраќа на родителите пред тестовите веќе неколку години е вирално, но секогаш е добро да се потсетиме на него.

Драги родители,

Се наближува времето за тестови. Знам дека сте загрижени и сакате вашето дете да биде успешно. Би сакал да размислите за тоа дека меѓу децата кои се пренатрупани со испити има и идни уметници на кои математиката можеби ништо нема да им значи во животот. Меѓу нив има и идни претприемачи на кои за успех во работата навистина не им е важна ниту историјата, ниту книжевноста. Има и идни музичари на кои навистина никогаш нема да им биде потребна хемијата.

Ако вашето дете добие одлични оценки на контролата, радувајте те. Тоа е сјајно. Но, ако оценките не бидат добри, ве молам, немојте поради тоа да ја поткопувате самодовербата на вашето дете, немојте да го ‘мелете’ неговото достоинство. Кажете му дека е се во ред, дека има право да добие лоша оценка. Кажете му дека станува збор за еден испит, а во животот ќе го чекаат многу важни работи во кои ќе треба да се докажува.

Кажете му, без разлика на оценката, дека го сакате и дека не го осудувате.

Ве молам, кажете му го тоа и гледајте како ќе го освои светот. Не дозволувајте еден испит или една лоша оценка да му ги одзеде соништата и неговиот занес. На крај, кажете му дека не мора сите да бидат лекари или инженери за да бидат среќни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.