Први на удар на прогресивното оданочување се програмерите, кои заработуваат релативно високи плати за Македонија. Indeks.hr направил анализа каде можат да се згрижат хрватските ИТ-техничари, на кои истот ака им се закануваат високи даноци и нови законски решенија.

Отворање фирма во странство

За да отворите фирма во странство, најдобро е да ангажирате специјализирана форма за такви работи. Така нема да погрешите која форма на фирма е најпогодна за вашата работа. Како водич за отворање фирма во странство корстете ја ранг листата на Светска банка Doing Business.

ЕСТОНИЈА

Оваа земја во источна Европа најмногу постигнала во јакнењето на онлајн администрацијата, па се освен отворањето банкарска сметка може да се заврши преку компјутер и без посредници.

Во Естонија нуди електронско престојувалиште (e-residency), а можат да го добијат сите полнолетни граѓани, без разлика на тоа каде навистина престојуваат. Со електронско престојувалиште не станувате државјанин на Естонија ниту нејзин даночен обврзник, но со него моѓете многу лесно да отворите фирма многу едноставно.

За да добиете електронско престојувалиште, треба да пополните онлајн пријава, да испратите скен од лични документи и фотографија и да улатите такса од 100 евра. Потоа, за максимум есен месец ќе бидете известени за тоа дека можете да си ја подигнете естонската лична карта. Може да се добие во амбасадите и конзулатите на Естонија или на гранија од граничната полиција.

Како е-резидент на Естонија фирма можете да регистрирате онлајн. Времето потребно за регистрадија се мери во минути, но секако нема да потрае подолго од еден ден. Регистрацијата изнесува од 145 до 190 евра, што зависи од тоа дали сакате редовна или забрзана процедура (иако двете варијанти се многу брзи).

Минималниот капитал изнесува 2500 евра, но не е потребно да се уплати, доволно е да дадете изјава дека до тој износ основачот лично гарантира за фирмата. Данок на добивка изнесува 20%, но се плаќа само ако се исплаќа добивката.

> Start a company in Estonia

ИРСКА

Иска е една од најдинамичните економии во ЕУ. Има поволни услови за деловно работење, конкурентни даноци и ефикасна администрација, па многумина ја избираат како место за отворање фирма.

Фирмите се регистрираат во Companies Registration Office (CRO) (канцеларија за регистрација на фирми), која на својата интернет страница ги има сите потребни формулари. Откако ќе ги пополните, можете да ги предадете онлајн, а потоа за максимум три дена се завршува регистрацијата. Потоа потребно е да се пријавите кај даночните власти, што се завршува во еден ден.

Limited Liability Company, нешто како нашето д.о.о., може да се основа за неколку дена. Процедурата се завршува онлајн, не е потребен вложувачки капитал, а трошоците се околу 15 0 евра.

> Start a company in Ireland

БУГАРИЈА

Интересна земја за отворање фирма. Процедурата трае неколку дена, а трошоците се околу 65 евра. Бројни сервиси нудат комплетна услуга за 150-200 евра. Најпопуларна форма на форма е о.о.д, нешто како нашето д.о.о, а минималниот капитал изнесува 1 евро.

Она заради што е посебно интересна Бугарија е даночниот систем. Имаат рамен данок, а даночната стапка за сите вработени е еднаква на 10%. И данокот на добивка е исто 10%.

> Start a company in Bulgaria

МАЛТА

Посакувана дестинација за отворање форма. Процедурата трае од неколку дена до две недели. Минималниот капитал за д.о.о. е 240 евра, а толку изнесуваат и другите давачки што се плаќаат при регистрацијата.

Mалта долго беше позната како даночна оаза, но и покрај услогласувањето на саночниот систем со правилата на ЕУ, остана многу атрактивна дестинација за регистрација на фирми. Данокот на добивка е 35%, но странците имаат прааво на повраток од 6/7 од данокот, па ефективно плаќаат данок од 5%.

> Start a company in Malta

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.