Во салата на Природно-научниот музеј во Скопје, Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје викендов го организираше 26. Орнитолошки Шампионат на Македонија.
На изложбата беа претставени птици од Македонски одгледувачи на канарии во боја, канарии на стас, егзоти, фаун на Европа, бастарди, папагали , украсни гулапчиња и потполошки, преку 850 примероци на птици а посетеноста беше навистина голема.

Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје одбележа јубилеј- 50 години постоење и додели плакети за почесни членови и членови кои дале придонес во текот на полувековното опстојување на Здружението. Горан Михаилоски беше меѓу најуспешните членови на Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје. Тој се натпреваруваше во три секции – F1 Доместифицирани егзоти, F2 Недоместифицирани егзоти и О,P Украсни Гулапчиња и Потполошки и освои два пехари во две од трите секции, седум златни медали за освоени први места, пет сребрени за втори места и два медали за освоено трето место.

Љубовта кон природата и животните постои отсекогаш, постојано имало некакво милениче во мојот дом. Кога ги видов тие прекрасни птици кои неможе да се видат во продавниците за животни, просто занемев. Со тек на време почнав да посетувам домашни и интернационални изложби на птици и решив да набавам за себе. Најдобрите примероци ги набавив од Милош Вучковиќ од Србија и, со негова помош и помош од Марјан Наумовски и Дане Даневски научив многу, рече Михаилоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.