Словенечкиот производител на бела техника „Горење“ ќе отпушти 2.200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС).

Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење“, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата.

Од вкупно 2.200 работници кои ќе добијат отказ, илјада ќе бидат во Словенија, а останатите филијалите во други земји, изјави претставникот на Синдикатот на „Горење“, Жан Жеба.

Минатиот април, во компанијата работеа 9.300 луѓе, пренесува РТС.

„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници, и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.