Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Ројтерс“ се организира Глобален настан насловен „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24 и 25 ноември.

На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: AXA, Swiss Re, Generali, AIG, Zurich, Lloyd’s, Scor, Convex, RSA, Ageas. Исто така, ќе заземат учество и регулатори, консутлантски организации и др.

На панелот насловен „Key Risk Considerations For Doing Business In Europe“, кој ќе се случува на 25 ноември, модератор ќе биде проф. Климе Попоски, член на Собранитето при Стопанската комора на Македонија. Во неговиот панел како говорници ќе учествуваат:

  • Martin Merlin, Director, Bank, Insurance and financial crime – Directorate General for FinancialStability, Financial Services & Capital Markets Union European Commission;
  • Katja Pluto, Chief Risk Officer – EMEA, Zurich;
  • FriederKnüpling, Group Chief Risk Officer, SCOR;
  • FabriceBrossart, Chief Risk Officer International General Insurance, AIG;

Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.