Австрија ја објави овогодинешната проширена листа на дефицитарни професии. Во однос на минатата година, листата е проширена за 45 дефицитарни професии, што е за дури 20 професии повеќе од минатата година, се наведува во соопштението.

На сајтот на Здружението “Privileg” може да се види листата на сите 45 дефицитарни професии за 2019 година, критериумите за квалификуваниот кадар, како и системот на бодување.

Како најбарани работници се машинските техничари, изолатери, електротехничари- инженери, стругари, заварувачи, машинобравари, готвачи, техничари од различни профили…

Австриските власти најавија дека граѓаните на западна Европа ќе имаат можност не само за населување на Австрија, туку ќе имаат и олеснување во поглед на укинувањето на апсурдните одредби кои непотребно создаваа различни компликации.

Исто така потенцирано е дека минималната плата која ја земаа работниците од други држави веројатно ќе биде намалена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.